недела, 25 февруари 2018 | Вести денес: 12 ново

Том – жртва на хемсекс: Не знам како останав жив

Том Џенкис, 26-годишен келнер од Бирмингем, е само една од жртвите на хемсекс, налудничав сексуален тренд актуелен во Англија последниве неколку години. Во емотивна исповед за Би-би-си Тој ја раскажува својата приказна

Откако на сите им признал дека е геј, на 18 години Том решил да посетува сексуални сеанси на кои се користат опијати како кокаин и кристален метамфетамин.

Тогаш работев како келнер, се среќавав со многу луѓе кои подоцна ги водев дома и се сексавме со многу дрога. Почнав да изостанувам од работа, едноставно по некое време стануваш зависен од таквите дружења. Потоа доаѓаш до точка во која сфаќаш дека сите тие врски немаат значење и порано или подоцна ќе те доведат до тоа да изгубиш самопочит, самодоверба, вели Том.

Уживателите на хемсекс често го опишуваат овој тип сексуално дружење акко губење вре,е – не спиеш и не јадеш и по 72 часа.

Здравствените работници предупредуваат дека новите чудовишни сексуални сеанси поттикнати од дроги, кои можат да траат со денови, можат да доведат до епидемија од заразени од ХИВ и хепатитис, но многу често да предизвикаат и сериозни ментални проблеми кои на крајот завршуваат со самоубиство.

Кај повеќе од 60 отсто од луѓето кои посетуваат клиники во Лондон пријавена е оваа практика хемсекс. Најголемиот дел од нив пред сексуалната сеанса користеле кристален метамфетамин. Иако најчесто хемсексот се врзува за геј сексот, голем е бројот и на хетеросексуалците кои се приклучуваат на овој опасен тренд.

За да ја финансира својата зависност, во раните дваесетти Том почнал да дила друга, но набрзо и почнал да зема дрога и интравенозно и тоа на секој час.

Така добив многу сериозна и довратна инфекција поради која за малку ќе останев без нога. Имам одвратни рани по рацете. Ни самиот не знам како останав жив. 

Откако ги изгубил станот и колата, решил да престане. Почнал да се симнува од друга, и тоа сам. Денес е здрав и жив и е посветен на работата во добротворна организација која им помага на луѓето како него – кои преку секс се навлекуваат на зависност.

-Никогаш веќе не би се вратил на тоа, многу научив од тој излет. Најмногу ми помага фактот дека со помагање на другите ќе можам да си ги исплатам грешките од минатото, вели Том.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top