понеделник, 23 април 2018 | Вести денес: 74 ново

Вртелешките од Плоштад ќе се вртат во Чаир и Аеродром

Град Скопје ќе ги тргне вртелешките на Плоштад Македонија и на кејот на Вардар пред Министреството за надворешни работи на барање на велосипедистите. Од градот велат дека вртелешките ќе се тргаат бидејќи го блокираат кејот, односно нема доволно посетители. Поради тоа тие ќе се носат на нови локации односно се размислува да бидат поставени во паркот во Чаир и во паркот на езерата во Аеродорм.

„Втората локација пред МНР е несоодветна поради тоа што нема фреквентност на движење. Каруселите се отстрануваат по барање на велосипедистите коишто бараат да се ослободи поголем простор за пешаци и велосипедисти на тие локации. Исто така, поради близината на локациите, бројот на посетители на двата карусела остана приближно ист со бројот на посетители кои досега го користеа првиот карусел лоциран на плоштадот Македонија, односно незначително се зголеми, а со тоа и приходот од двата карусела остана речиси ист, а се подели на два реквизита, додека пак трошоците кои се создадоа за друштвото се значително поголеми“, велат од кабинетот на градоначалникот Шилегов.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top