сабота, 17 февруари 2018 | Вести денес: 55 ново

Борко: Самите сме си виновни, но таков е спортот…

Борко Ристовски бранеше навистина добро во дуелот со Чесите. Но тие негови одбрани на крајот се покажаа како недоволни за конечен успех, и одржување на шансите за пласман во полуфиналето.

И тој се беше доста самокритичен, свесен што пропуштивме на овој натпревар.

„Не знам што се случи, искрено…. Не издржавме на физички план, натпревар со едно вакво силно темпо. Мислам да издржевме само уште десет минути ќе победевме. На крај, кога се ќе се сумира мора да кажеме дека заслужено победија Чесите затоа што на крајот знаеја каде да нападнат.

Нападнаа точно на нашите најмлади ракометари кои не го издржаа притисокот. Имавме огромна историска шанса да играме за полуфинале. Но ја пропуштивме. Самите сме си виновни, но таков е спортот… Животот тече понатака, тоа е тоа”- констатира разочарано нашиот прв голман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top