понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 58 ново

Миркуловски: Голема шанса е пропуштена, ваква шанса за полуфинале веќе нема да има

Огромна мешаница во нашата вараждинска група воочи последното коло, предизвикаа денешните натпревари и победите на Словенија и.Чешка. По завршувањето на дуелот со Чешка и минималниот пораз од 24-25, нашиот репрезентативец Филип Миркуловси изјави:

„Одигравме добар натпревар до 50. минута. Жал ми ми е за овој натпревар. Можеби имаме квалитет, имаме публика и среќа, но најбитно што ни фали е карактерот. Штета, голема шанса е пропуштена и мислам дека тешко во иднина ќе имаме вакви шанси. Честитки за Велковски, денес одигра храбро и можеби ја имаме замената за Кире Лазаров“, изјави Миркуловски.

Тој смета дека ваква шанса за полуфинале веќе нема да има. Нашите опции за дефинитивниот пласман ќе бидат познати утре по одигрувањето на дуелот со Данска. Во зависност од исходот на овој натпревар и останатите два во групата, ќе биде познато дали Македонија ќе го продолжи турнирот во Загреб или се враќа дома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top