сабота, 26 мај 2018 | Вести денес: 56 ново

Чешка ни ја загорчи судбината!

Македонија загуби од Чешка со 24-25 и ги прокоцка сите шанси за пласман во полуфиналето на Европското првенство во Хрватска. Болката е поголема затоа што водевме и со пет разлика на неполни 20 минути до крајот, но се урнавме и го загубивме мечот во финишот. Не помогна дури ни пеналот на Дејан Манасков по истекот на 60. минута, кој ни го доделија со прегледување на видео-снимката.

Кире Лазаров беше во екипата, но остана на клупата, сепак, како да беше доволна неговата аура за оние во „правоаголникот“ да одиграат машки, бесппштедно – како да е финале. Макдонија наметна свој стил уште од почетокот, со најжестоката одбрана досега, овој пат во зона 6-0 од прва минута. Тоа му ја олесни работата и на Борко Ристовски, кој почна да ниже одбрани и да биде фактор за предноста сигурно да напредува.

Во нападот момците беа трезвени, трпеливо чекаа пригода за гол и веќе по 12-тина минути беше 6-2 за Македонија. Чесите се разбудија и почнаа да фаќаат приклучок (8-6 20мин.), но немаа решение за Борко, па им недостигаше континуитет. Водството на Македонија уште еднаш порасна до плус четири, пред да заврши полувремето со 13-11.

Во вториот дел – иста слика. Нашите добро го затвораа (дотогаш) Ондреј Здрахала, Чешка се мачеше во нападот и нашата предност созреа до највисоките пет позитива, првпат во 38. минута со 17-12. Сепак, како да беше неминовен пад, па Чешка зеде замав, на влезот во завршните 10 минути.

Се размавна Здрахала, резеевистот Мрква одбрани важни шутеви и Чешка израмни на 22-22 во 54. минута. Кире Лазаров, кој влегуваше за изведување пенали, промаши од линијата за седум во 56. минута и Чешка поведе првпат на натпреварот.

Утре од 18.15 часот играме против Данска.

Извор: Спорт1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top