петок, 23 февруари 2018 | Вести денес: 3 ново

Мицковски, Заев, Ахмети и Иванов на заедничка маса

Зоран Заев, лидерот на ДУИ Али Ахмети и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе седнат на заедничка маса, објави телевизија 24. Заев ќе рапортира за името, предлогот на Нимиц, како и за впечатоците по утрешниот состанок со грчкиот колега Алексис Ципрас. Состанокот го потврдувата и Владата и од Кабинетот на Претседателот, но официјално велат терминот се уште не е дефиниран.

Неофицијално пак најверојатно средбата ќе биде в сабота што веќе е начално договорено меѓу Заев, Ахемти, Иванов и Мицкоски во собранито при посетат на Јенс Столенберг. Освен детали околу преговорите за името, се очекува државно партискиот врв да се консултира и околу позициите во пресерет на доаќањето на медијаторот Метју Нимиц кој од Владата ќе чека став околу последниот сет идеи за решение на името.

„Влада на РМ преку МНР во координација со кабинетот на Претседателот Иванов ја договараат средбата. Се очекува наскоро да се прецизираат деталите и точниот датум.“ – велат од владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top