вторник, 16 октомври 2018 | Вести денес: 95 ново

Убиен 15-годишник од соученик во училиште во Германија

Ученик во средно училиште во близина на германскиот град Дортмунд е убиен од негов соученик, соопшти полицијата. Според извештајот, 15-годишникот бил избоден со остар предмет од 14-годишно момче, објави „Би-би-си“.

Нападот се случил околу 8 часот по локално време во средното училиште во градот Лунен.

Уапсен е еден тинејџер поради сомневање за убиство. Не се познати причините за нападот, а како што пренесува „Би-би-си“, свештеници дошле во училиштето за да ги поддржат учениците и родителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top