сабота, 17 февруари 2018 | Вести денес: 56 ново

Ни Северна Кореја, ни Америка: Оваа држава го држи клучот за нуклеарната драма во светот

Клучниот елемент за составување на нуклеарна бомба е ураниум. Повеќе од третина од овој природен елемент на глобалниот пазар бил извезен од една поранешна советска република. Нивното влијание на глобалниот пазар е толку големо, што државната компанија “KazaTomProm” неодамна најавила дека во наредните неколку години ќе ја намали испораката за 20 проценти, за да поттикне раст на цената на сировините.

Станува збор за Казахстан, деветта држава по површина во светот и поранешна членка на Советскиот сојуз, која некогаш била дом на главниот полигон на СССР за тестирање на нуклеарно оружје.

Казахстан денес произведува сировина за повеќе од една третина од нуклеарното гориво во светот и материјал неопходен за правење на атомски бомби.

Според податоците на Светската нуклеарна асоцијација, поранешната советска република во централна Азија, во 2016. година обезбедила 39 проценти од глобалната испорака на ураниум.

 

извор: охрид1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top