сабота, 18 август 2018 | Вести денес: 0 ново

Борко доби позитивен тренинг денеска (ФОТО)

Македонската репрезентација утре го игра „финалето“ со Чешка, а шансите да влеземе во полуфинале се големи иако вчера загубивме од Шпанија. Ракометарите имаат слободен ден, кој го користат за подготивоки за утрешниот натпревар. Додека едни за среќа стискаат амајлии, Јоновски се моли, Борко се опушта со поизитивен тренинг-муабет со штотуку родениот внук.

„Викаат личен на вујко му“, го најави неговото раѓање Брко пред околу еден месец, а денеска објави позитива на денот – лав-муабето со наследниот.

Свершеницата на Ристовски, Николина, ситно брои до породувањето, па среќата на вујко Борко ќе нема крај кога покрај внукот ќе го гушне и својот син.

Како ќе се вика бебето на Борко Ристовски?

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top