сабота, 18 август 2018 | Вести денес: 0 ново

Моника и Чендлер се разведуваат, Џои станал успешен актер, трејлерот за “Пријатели” направи хаос на интернет (видео)

За десет дена овој неофицијален трејлер за “Пријатели” бил прегледан повеќе од 3,7 милиони пати.

Неофицијалниот, или како што велат некои, лажниот трејлер за филмот “Пријатели”, направил вистински хаос на интернет. Во снимката од 3 минути, кој ја ја објавил “Smasher”, можеме да ги видиме ѕвездите од оваа хит серија повторно заедно. Во овој трејлер дознаваме дека Моника и Чендлер се пред развод, дека Џои е успешен актер, но дека нема емотивен партнер.

Исто така, Рејчел и Рос се наоѓаат во проблеми и со години не се заедно. Фиби и Мајк мака мачат со својот брак и не им оди добро. Децата на Рос, Ема и Бен, се веќе големи и одат во училиште.

За десет дена овој неофицијален трејлер за “Пријатели” бил прегледан повеќе од 3,7 милиони пати.

Потсетуваме, последната епизода на “Пријатели” беше емитувана во 2004-тата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top