понеделник, 21 мај 2018 | Вести денес: 77 ново

Џони Деп ќе стане гитарист во бендот на Мерилин Менсон

Рокерот Мерилин Менсон објави мистериозен твит, навестувајќи дека холивудскиот актер Џони Деп би можел да му се придружи на неговиот бенд.

„Џони Деп размислува да дојде на позицијата гитарист. Звучи одлично?“, напиша на Твитер рокерот препознатлив по неговиот готски имиџ.

Медиумите претпоставуваат дека ова беше само начин Менсон да види што мислат фановите за ваквата соработка.

Реакциите беа поделени: обожавателите беа или ентузијасти или, пак, повторно го нападнаа Деп за насилството врз 23 години помладата бивша сопруга, глумицата Амбер Хрд.

„Луѓето не заборавија на Амбер Хрд. Немој ова да му го правиш на бендот, немој“, напиша еден твитерџија.

Менсон и Деп се најдобри пријатели, имаат исти тетоважи со стихови од Шарл Бодлер, гледаат заедно филмови и снимаат музички спотови.

Деп првично дошол во Холивуд за да биде рок ѕвезда, па фановите велат дека, можеби, конечно, треба да му се приклучи на бендот на Менсон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top