понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 47 ново

МРТ нема да ги пренесува Зимските олимписки игри

Македонските граѓани останаа без пренос во живо од Зимските Олимписки игри кои од 9 до 25 февруари ќе се играат во јужнокорејскиот град Пјонгчанг, откако јавниот сервис не ги откупи телевизиските права.

Сопственик на правата за Олимписките игри во периодот од 2018 до 2024 година за територијата на Европа е компанијата Discovery Communications, која е и сопственик на каналите Еуроспорт, што значи дека македонските граѓани ќе може да ги следат ЗОИ само на тој спортски канал.

Меѓутоа, од 1 јануари, каналите на Еуроспорт и останатите канали на Discovery станаа недостапни за македонските граѓани корисници на најголемите оператори Макс ТВ и Вип.оне, што значи дека голем дел од граѓаните нема да имаат можност за следење на Олимписките игри во живо.

Ова е прв пат македонскиот јавен сервис да не пренесува Олимписки игри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top