понеделник, 21 мај 2018 | Вести денес: 75 ново

Долу предавничкиот и окупаторски режим на Зоран Заев!

Македонски народе, доста ни е од ова Заевско лудило! Нека чујат сите! Никому не го даваме прекрасното Име на нашата единствена, мила татковина - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!!! Зарем е нормално едно туѓинско осумдесетгодишно старо-аро со уште двајца-тројца луѓе по некои хотели низ белиот свет да одлучуваат за името и за идентитетот и судбината на нашата македонска нација, и за сета иднина на нашата прекрасна македонска младост, за иднината на нашите деца и внуци?! Зарем така бедно и предавнички се решава судбинското животно и историско прашање на еден стар и достоинствен народ како што е нашиот македонски?! Зарем секое окупаторско валкано ѓубре од црните листи во светот што бурата го исфрлила на политичкиот брег ќе му се заканува со казни дури и на претседателот на државата затоа што не го зборува албанскиот јазик?! Сестри и браќа, немаме друг избор: или цивилизациска Смрт или цивилизациска Слобода! Предавничките и окупаторските кретени немаат толку темни зандани колку што има душа и сила во македонскиот народ. Нема веќе делење меѓу нас - сите заедно во одбрана на Македонија!... Слушам кај шумат шумите, плачат за војводата!...

Алдо Климан

Ако некој досега не знаел што е тоа Црна Чума од нашата прочуена македонска народна песна за Гоце Делчев – еве, мил мој народе, сево ова што сега ни се случува, кај нас и околу нас, тоа е таа Црна Чума. Таа Црна Чума многу добро ја запознаа и горчливо и болно ја искусија врз својот грб и врз своите животи нашите предедовци, дедовци, татковци и мајки. Токму затоа низ незапирлив силен бунт и најжесток национален и социјален отпор е и испеана таа славна песна. И затоа и денес сите ние сме Делчев, и со сите сили и сето знаење што го имаме мораме да ја пропадиме таа Црна Чума од наша жална Македонија. На нозе! Нема предавање!

Погледнете ги само сиве овие лудаци и насилници што синхронизирано збеснато не престануваат да навалуваат и да притискаат од сите страни. Ете, тоа ни го свари најпредавничкиот предавник под ова наше прекрасно, мирно и мирољубиво македонско небо – Јудата Зоран Заев. Никој и никогаш во историјата на човештвото, а имало и такви будали, не успеал истовремено да отвори безброј бесмислени и непотребни фронтови со сите и на сите страни и да добие некоја битка. Тоа е апсолутно непогрешлива формула за тотален пораз до коленици. А токму тоа, со најцрна предавничка предумисла за злостор кон својот народ, го направи квинслишкиот премиер Зоран Заев: божем „затворајќи ги отворените прашања со соседите“, ги отвори сите врати на Пеколот, лудачки искреира и отвори безброј нови, мачни, нерешливи проблеми, туркајќи не’ во „волчјо пријателство“ (Платон) и со Албанците, и со Бугарите, и со Грците, и до болка и до смрт уште повеќе околу вратот ни ги стегна понижувачките меѓународни политички пранги од бесчувствителните Европа и Америка.

Најнапред со својата предавничка клика го донесе ступидниот, противуставен и насилнички, големоалбански тнр. Закон за употреба на јазиците (всушност, Закон за албанскиот јазик), со кој не само што со еден идиотски потег ја поништи унитарноста на македонската држава, туку толку бескрајно го продлабочи и го прошири меѓуетничкиот јаз помеѓу македонскиот и албанскиот етникум во Република Македонија и надвор од неа што тоа, за жал, никогаш веќе нема да може да се врати во нормална состојба и во меѓуетничка рамнотежа. Монтењ вели: „Никој не може да згреши така грубо и толку очигледно како законот“, а токму таков пример имаме со овој лудачки и насилен „Закон“.

Но се лажат тие големоалбански политичари што го одржуваат „над вода“ давеникот Заев ако мислат дека со тој „Закон“ ќе успеат да ја албанизираат цела Македонија. Господа Големоалбанци, имам за вас една вест: морате да знаете дека тоа никогаш нема да се случи! Навистина, Свети Августин на едно место вели: „Верувам, зашто е неверојатно“, па така сигурно и тие ќе се обидат да го реализират до крај своето ултрашовинистичко и ограбувачко лудило – и, си велат, ако успеат, добро. Мора да се признае, благодарение на нивниот „(за)давеник“ Заев досега совршено успеаја во своите национал-патолошки намери. Но нивната главна цел сепак е нешто друго. Всушност, тоа е токму она што за нив го направи Заев – уште повеќе, трајно и непоправливо да се продлабочи јазот помеѓу албанскиот и македонскиот народ во Македонија и засекогаш да се раскине и да се задуши и последната трошка кохезивна сила на македонската држава меѓу различните етникуми, за да им се отворат нови можности за докажување на невозможноста да се живее заедно, во една иста држава. Се разбира, таа и таква разврска нема и не може да се случи сега, но во најскора иднина – тоа е сосема сигурно, и ним тоа ќе им биде сосема доволно, а тоа, како што на сите им е јасно, го остваруваат директно преку предавникот Заев и неговата клика, кој без поддршката на големоалбанските двајца-без-тројца „компањони“ веднаш може да си отиде на историското буниште, каде што и си го резервирал заслуженото бедно место што го чека.

Но, за сликата да биде што поцелосна, погледнете го само тој елементарен, беден освојувачки големоалбански примитивизам! Али Ахмети порачува „кај што во Македонија ќе стапне албаска нога, таму ќе се зборува албански“. Џевдет Адеми, пак, од црната листа на САД, кој, како порано и длабинскиот македономрзец Зијадин Села, јасно изјави дека „спроведувањето на Законот за албанскиот јазик во пракса е клучот за преживувањето на оваа Влада“, сега „законодавно“, urbi et orbi, се заканува оти еднаш, двапати, трипати ќе го удрел по џеб претседателот Иванов, па да видиме дали нема да проговори албански. Ете, каков искомплексиран примитивец ве претставува, почитувани албански сограѓани од Балканска Швајцарија!

И додека големоалбанците си го тераат својот пијан, манијакален шовинистички филм, лудницата околу нашето македонско Име ечи наоколу од неподносливата грчка омраза и од надреалните меѓународни глупости.

Кај „нашиот мил јужен сосед“, како што подлизурковски би рекол подмолниот Данаец Коѕиас, и во нашата „пријателска јужна земја“ Грција, како што тоа ли(з)гаво би го дефинирал не помалку политички перфидниот Данаец Ципрас, во светот познат по истиот хороскопски знак со нашиот предавник Заев, владеат невидена хистерија и патолошка агонија од омраза и шовинизам против Република Македонија, против македонскиот народ, против нашиот национален македонски идентитет, против нашата македонска историја, против нашето македонско минато и сегашност, против нас како такви – само да не’ нема на овој свет.

А само ден-два пред средбата на посредникот Метју Нимиц со грчкиот и македонскиот преговарач во Њујорк, и тој самиот потсети на познатата латинска максима за превртливоста на Данајците (Грците) на кои не треба да им се верува ни кога дарови ти носат, за само ден-два подоцна (подеднакво данајски!) да ни порача дека ни дава четири дена да ги разгледаме неговите три-четири странички предлози околу името, и да се одлучиме. Веќе немало што да се чека. Па зарем само тоа доаѓа од големиот меѓународен посредник?! Па тоа, господине Нимиц, простете на зборот, потсеќа на оние невкусни и недоветни продавачки од перифериските чаршии во Трст; ако се излажете случајно да влезете во некое тамошно тесно дуќанче, не престануваат да се вртат околу вас: те „Повелете“, те „ Што ве интересира? Можам ли да ви помогнам? Имаме убави чорапи, имаме убави гаќи. Ова е евтино, а на ова имаме попуст“. Ќе ви се залепат и не само што не можете да видите ништо ниту да дишете во тој мал задушлив простор, туку уште и тие глупо и здодевно ве дават, ве дават. Тоа ли сте вие? Таква несреќна продавачка од Трст? „Еве ви три четири картички предлози“, велите, „во кои се спомнува и вашиот идентитет, зашто вие имате и идентитет – и за три-четири дена одлучете се“. А вашиот најголем адут, господине Нимиц, е моментално „добрата расположба меѓу двете влади“ и готовноста за договор меѓу сијамските близначиња, истохороскопците Заев и Ципрас, кој штотуку велелепно изјави дека македонската нација никогаш не постоела. Е па, не може некој толку кусоглед како вас, господине Нимиц, да ни се меша и да ни „помага“, зашто да имавте колку-толку политичка визија, ќе знаевте (а можевте, до Бога, и да ги прочитате хистеричните најави од грчкиот печат што се вртеа и што се вртат со денови!) дека таму, во Грција, се готви најголема, болна, манијакална манифестација на невидена ОМРАЗА кон македонскиот народ, и оти и самото ваше спомнување на буквата „М“ од Република Македонија, а за „И“ од македонскиот идентитет и да не зборуваме – никогаш не може да помине.

А, впрочем, и крајно е претенциозно од ваша страна, господине Нимиц, да се расфрлувате со вашата „грижа“ околу нашиот македонски идентитет што во оваа на сила ажурирана „вруќа“ НАТО-фаза на „конечното решавање на македонското прашање“ постојано ви е на уста?! И притоа ова „конечно решавање на македонското прашање“ би требало многу добро да ви е познато од една друга, историски ужасно мрачна, нацистичка синтагма, само што технологијата денес е понова, виртуелна. И што воопшто знаете вие за нашиот македонски идентитет? Идентитетот не се учи од страна, од советници, и не се „знае“ кабинетски и од „пракса“; идентитетот се носи и најтрепетливо, најчувствително се чува длабоко во себеси, во најскриените катчиња на душата, во секоја ќелија од сопственото емотивно и рационално битие! Ние Македонците, како и секој друг народ, сме горди и достојни носители на тој наш оригинален македонски идентитет, со сета негова историска, културолошка и јазична посебност и убавина, и не го спротивставуваме, ниту се „натпреваруваме“ со други национални идентитети, туку ги почитуваме туѓите!

А нашиот оригинален, низ долгата национална политичка и културна историја создаван и создаден македонски идентитет е исцело олицетворен и апсолутно се совпаѓа со името Република Македонија. Тоа никој не го октроирал, како што бесрамно не престануваат да лажат нашите ограбувачки соседи, и како што сега, со ваше посредување, се настојува да се октроира некое ново небулозно хермафродитско име, за кое потоа со право секој ќе може да тврди дека било октроирано во 2018 година.

Затоа оставете не’ на мир, господине Нимиц, и вие, и Америка, и НАТО, и Европа. Имате само уште 5 минути до 12, пријатно да го изненадите целиот свет, енергично и достоинствено да го прекинете овој најцрн меѓународен злостор против Република Македонија, и машки, со крената глава да се повлечете од „преговорите“, те. од „наговарањето“ за менување на името на Република Македонија која си има и најубаво и најсоодветно име, па историјата да ве запомни како разумен човек. Подобро е мирно и неизвалкано да си уживате во својата длабочка старост, во која е сосема нормално и разбирливо човек во ваши години повеќе да се занимава со своите физиолошки потреби и проблеми одошто да се плетка во филозофско-социолошките, етничките, етичките и други проблеми на туѓите, особено балканските национални идентитети, па така во годините што уште ви преостанале да не го натоварите на својата совест и невиниот македонски народ кој не ви сторил ништо лошо! Во спротивното, она што ќе го сметате за својот најголем политички успех, ќе биде ваш најголем човечки неуспех, пораз и срамота!

Македонски народе, апсолутно е неприфатливо ниту едно од понудените „генијали“ решенија за името наместо Република Македонија, што преку двајцата (замислете, само двајца, само двајца!!!) преговарачи им се доставени на двете влади, божем ковертирани, а за кои веќе сите слушнавме и знаеме се’.

Прво, и несреќникот Заев и неговиот донесреќник Димитров секогаш користат една ваква фраза: „Мораме да го решиме проблемот што Република Грција го има со нашето име“. Работата е многу едноставна: оној што има некаков проблем треба сам да си го решава. Имено, ако, да речеме, некој наш сосед е тешко психички болен, па му пречи нашето име што го гледа на нашата врата секој ден кога поминува покрај неа, зарем треба ние да одиме на психијатар за да му го решиме тој психијатриски проблем или тоа негово лудило? Па, се разбира, тој мора да се лекува, тој треба да оди на психијатриски прегледи и терапии. Нему во главата нешто не му е во ред.

Второ, не лажете се и нека не ве теши тоа што зборот Македонија е вметнат во некои од предложените форми на „името“, например, како „Новомакедонија“ (Newmacedonia). Тоа не само што е чист идиотизам, туку подмолност со предумисла, бидејќи префиксот New алудира на некојаси новопронајдена земја како Newfoundland, во која ние Македонците сме и некаков наеднаш новопронајден див народ со непозната политичка и културна историја, при што и името Македонија безобразно и понижувачки е напишано со мала буква (македонија), па веројатно во општата комуникација ќе мора да се пишува и со најмали букви што воопшто постојат на светот. А и сите други „решенија“ се чисти бесмислици, „колку да се направи нешто“, што и да е, само да се пребришат сета досегашна македонската политичка и културна историја и македонскиот идентитет и да се претстават како некоја нова, од околностите изнудена меѓународна политичка измислица за која „попосле ќе видиме што ќе правиме со неа“.

Но подеднакво апсолутно важно е и тоа што (и дали воопшто нешто!) пишува на трите-четири странички чкртаници на Нимиц за нашето македонско национално малцинство во Егејска Македонија, за нивната заштита од насилните напади и застрашувања од членовите на фашистичка Златна Зора и други фашистоидни ултрадесни организации и поединци, за нивното неотуѓиво право на свое национално име, Македонка, Македонец, за нивното цивилизациско и меѓународно право за користење со сопствениот мајчин македонски јазик во Република Грција во секојдневната комуникација, како и на нивното цивилизациско право на свои школи на мајчиниот македонски јазик, на право на двојазичните грчко-македонски натписи на местата на кои фашистички бескрупулозно им е погрчено македонското име, на правото на сеуште живите бегалци и прогонети Македонци од Егејска Македонија и на потомците на оние што го преживеале грчкиот холокауст, а сега се починати, за соодветен финансиски или каков и да е друг надомест за изгубените домови, ограбената земја, раскопачените гробишта, уништените животи.

Треба ли уште да се докажува дека е смртен грев, недопустливо и апсолутно неприфатливо еден ваков радикален и историски важен зафат како што е менување на името на државата да се одвива во круг на два-тројца луѓе, без учество на енормно голем број најистакнати домашни историчари, демографи, социолози, лингвисти, етнолози, историчари на уметност, писатели, уметници и низа други стручњаци од академската заедница, без учество на најважните национални научни институци, како и без гласот на народот низ сеопшта јавна расправа низ електронските и печатените медиуми.

Македонски народе, ова е тоа Заевско лудило! Ова што се случува е страшно и за нас пресудно, и веднаш треба да го запреме! Сега се’ зависи од нас самите! Ќе го дозволиме ли тоа сквернавење на нашето име на овој и ваков приземен, бандитски начин?! Мораме да го оневозможиме тој стравотен меѓународен политички злостор над нашата држава, што го предводат квислингот Зоран Заев и неговиот предавнички побратим, големоалбанскиот мрзител на се’ што е македонско Бујар Османи, кој во својот дрзок и безобѕирен стил изјавува дека веќе се’ е подготвено да се реализира во наредните неколку денови.

Кога една ваква одвратна политичка свинштина што сосема на своја рака ја прави квислингот Зоран Заев би се случила, да речеме, во Велика Британија, англиската пермиерка би пливала во Темза, или во Италија италинаскиот премиер би се бањал во Тибар, а францускиот во Сена. Но таква бандитска узурпација на власта не е возможна во тие земји со долга демократска традиција. Па зошто тогаш тоа би било возможно во нашата татковина? Затоа што со неа завладеја мрачниот Заевско-големоалбански бандитизам и велепредавство. И затоа најважен дел од вистинските нужни проевропски реформи е и токму тоа: избезумениот Зоран Заев да си заплива низ Врадар „од извора дур до Солуна“, кај што во своите данајски прегратки го чекаат неговите сакани истохороскопци и истомисленици, а Република Македонија навистина да биде „за живот“ а не за незамислив, понижувачки внатрешен и надворешен грабеж.

Предавнику Заев оди си! Покажа што знаеш! Овој народ не е за поткуп! Еднаш ти успеа да го измамиш. Сега е готово! Цела Македонија е против тебе!

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top