недела, 27 мај 2018 | Вести денес: 0 ново

Запалено македонско знаме на протестот во Солун!

На големиот протест во Солун, на кој „ се брани“ името на грчка Македонија, немил инцидет во кој од неколкумина експтермисти беше запалено македонкото државно знаме, објави солунскиот сајт thestival.gr.

Нема коментари кои се сторителите, освен дека се случил настанот на палење на македонското знаме.

На протестот немаше други инциденти, а како барања беа истакнати: општ референдум и се обвинува дека давањето на името Македонија во името на соседот од север е предавство за Грција и предавство на грчката влада. „Македонија значи Грција“ е мотото на протестот кој кулминираше денеска во 14 часот пред белата палата во Солун.

Протестите се случуваат само на два дена пред средбата на премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас во Давос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top