сабота, 17 февруари 2018 | Вести денес: 55 ново

Не трујат со „Chemtrails“, а потоа профитираат од нашата болест

Болен си. Носот ти е запушен. Те боли целото тело. Се потиш, кашлаш, киваш, немаш доволно енергија и да станеш од кревет. Тоа не е грип според доктор Ленард Хоровитц. Неговото мислење, како што самиот вели, не се темели на теорија на заговор туку на чист заговор. Во текот на изминатите десет години, тој предупредува на тој заговор и стана најконтроверзниот медицински експерт во Америка.

Хоровитц тврди дека владите на САД се во дослух со големите фармацевски компании и намерно разболуваат голем број на луѓе за да можат да ги лечат и на нивни грб да заработуваат. Затоа што здравјето не носи пари, туку болест.

Мејнстрим медиумите известуваат дека итните приеми се блокирани со болни луѓе, кои боледуваат од бизарни инфекции на дишните патишта, кои не изгледаат како вирус. Така, медиумите известуваат дека тоа е грип, односно дека вакцините против грип се најефикасни против овие симптоми.

Хорвиц за тоа тврди: „Се се тоа лажни вести, лажни глупости. Факт е дека ваква епидемија сме виделе од крајот на 1998 и на почеток на 1999 година. Луѓето биле затечени со оваа бизарна болест која не изгледа како да следи некаков логичен вирусен или бактериски напад и прелазно заболување.

Ако навистина се во прашање вируски инфекции, тогаш би предизвикале грозница, но таа не трае со недели ни месеци, што е случај кај нашите луѓе, каде со недели чувствуваат запушени синуси, кашлица, замор, слабост и други здравствени нарушувања.

Тој тврди дека Институтот по патологија на Вооружените сили кој има регистриран патент патоген „mycoplasme“, се одговорни за оваа епидемија.

„Micoplasma“ всушност не е печурка, тоа не е реална бактерија ниту вирус. Таа нема клеточен ѕид. Таа навлегува длабоко во јадрото на клетката, правејќи го телото немоќно во подигањето на имунитетот против него. Тоа е биолошко оружје, а не грип“, тврди тој.

Хоровитц верува дека ова оружје против луѓето се употребува преку „Chemtrails“ .

„Верувам дека „Chemtrails“ се одговрни за хемиското труење на јавноста, барем што се однесува до општиот пад на имунитетот на човечката популација. Имунолошки дисфункцијата им овозможува на луѓето да станат чувствителни на опортунистичките инфекции, како што е „mucoplasma“, вели доктор Хоровитц.

„За прв пат почнав да ги истражувам „Chemtrails“ кога распрскуваа преку мојата куќа. Ги фотографирав, а потоа контактирав со Агенцијата за заштита на околината. Контактирав со центрите за контрола на токсиколошки болести, а потоа околу недела дена, добив писмо од главниот токсиколог кој ми призна дека навистина постои одредена количина на етилен дибромид во млазното гориво.

Етилен дибромид е познат како хемиски канцероген, кој е отстранет од безоловниот бензин, поради своето влијание кое предизвикува рак. Сега одеднаш се појавува во млазното гориво на воените авиони.

Хоровитц објаснува дека тој елитен дибромид кој доаѓа од млазното гориво, предизвикува супресија на умунолошкиот систем и го слабее човечкиот имунолошки систем кој потоа е подложен на вештачко предизвикување на инфекции како „mycoplasme“, со што лесно може да се создаде лажна епидемија, односно болен човек кој е потребно да се лечи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top