недела, 21 октомври 2018 | Вести денес: 63 ново

Ципрас, сепак, не дава да бидеме македонска нација

По скандалозната изјава дека македонската нација не постоела никогаш, грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервјуто за „Етнос“со уште поопасна позиција за Македонците. На прашањето за постоење на македнската нација Ципрас одговара дека е спротивно на историјата било кој да побара ексклузивност на Македонија во однос на етничката идентификација, што практично значи дека апсурдно е Македонија да бара Македонците да бидат признати со посебен етнички македонски идентитет.

Ваквите навредливи изјави за македонската нација стигнуваат во екот наинтезивирањето на преговорите за изнаоѓање на компромисно решение и на само три дена од најавената средба во Давос. Во интервјуто јасно кажува дека главните грчки заложби сиве овие години биле Македонија да биде ФИРОМ а македонците да не можат да се идентификуваат со географскиот регион Македонија .

За грчкиот премиер географскиот регион Македонија е поделена на три дела меѓу Македонија, Грција и Бугарија, па оттука користејќи го правилото на неексклузивност за користење на терминот Македонија кое го споменува и медијаторот Нимиц, вели се исклучува опцијата ние како Македонци да градиме етничка припадност и идентитет на оваа основа.

Ако овој принцип на Ципрас се примени на регионот Луксембург кој се протега и во Франција, Белгија и во Германија, тогаш дури 55% од граѓаните кои се чувствуваат како етнички Луксембуржани, треба да ја загубат својата етничка припадност на луксембуиршката нација.

И покрај ваквите негации од грчка страна, за министерот за надворешни Никола Димитров поразително е што ваквите, според него, наводни изјави за непостоење на македонската нација толку брзо биле раширени.

Инаку во Грција владее тензична атмосфера и поделеност поради најавите новото компромисно решение да го содржи зборот Македонија, што е целосно неприфатливо решение за дел од тамошните политички чинители. Ципрас се соочува и со голем отпор од опозицијата околу решението, па поддршка побара и од црквата.

Извор: Алфа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top