недела, 21 октомври 2018 | Вести денес: 61 ново

Линк во живо: Над 30.000 на протестите во Солун против името Македонија

Со паролата „Македонија значи Грција”, неколку грчки здруженија и организации на грчката дијаспора, почнаа протестен митинг во Солун.

Изминативе неколку дена, низ цела Грција се делат летоци и се повикуваат граѓаните да дојдат на денешниот протест.

Организаторите не прифаќаат било какво име за нашата држава кое ќе го содржи терминот Македонија и бараат организирање на референдум за ова прашање.

Организатори на собирот се грчки здруженија и организации од дијаспората, а имаат поддршка, меѓудругото, и од политички партии, спортски и христијански здруженија, градоначалници и митрополити од различни општини. Преку протестот, бараат да не се користи терминот „Македонија” во името на нашата земја.

Од политичките партии што се дел од грчкиот парламент, Сојуз на централисти и Златна зора, официјално соопштија дека ќе учествуваат во собирот, а не е исклучена можноста меѓу граѓаните да има пратеници и од другите грчки партии, меѓу кои и членови на Независни Грци, коалицискиот партнер во грчката влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top