сабота, 26 мај 2018 | Вести денес: 56 ново

Мамеше во трката за прв да го фати крстот (видео)

За време на фрлањето на крстот во местото Бела Вода кај Крушевац во Србија, еден од луѓето кои се фрлаа по крстот, реши да мами и на лесен начин да дојде до истиот. Тој не беше застанат заедно со групата скокачи, туку стоеше покрај брегот на реката и за само неколку моменти пливање успеа да стигне до него.

Се работи за Александар Гашиќ од Брезовица кој за РТС изјави дека тој стигнал прв до крстот, откако истиот бил фрлен во Бела Вода кај Крушевац.

На прашањето на новинарката дали тој прв стигна до крстот, Гашиќ одговорил:
„Јас стигнав прв и го земав крстот“.
„По краткиот пат?“, го праша новинарката.
„Да“, одговори Гашиќ.

На снимката објавена на социјалнтие мрежи се гледа како едно момче, не стои заедно со останатите, туку на брегот на реката каде чека трката да почне.

Кога пливачите сококнале во водата, тој исто така почнал да плива и со само неколку моменти стигнал прв до крстот.

РТС наведува дека трката поради ова трката била прогласена за нерегуларна, па официјалната награда подоцна му била доделена на првиот пливач од групата, односно на 15 годишниот Лазар Крстиќ од Крушевац.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top