вторник, 16 октомври 2018 | Вести денес: 95 ново

Пападакис: Грција не ја интересира промена на името, туку идентитетот

„Не би се согласил дека постои разлика или разни изјави од страна на Грција, дури од почетокот на тој апсурден спор оклу името на Македонија. Изјавив неколкупати дека ставот на Грција е многу едноставен – Грција не ја интересира толку да се реши спорот за името, бидејќи не ја интересира како ќе се вика Македонија. Проблемот на Грција е единствено идентитетот на македонскиот народ и тоа постојано се гледа во последните 25 години“, вели Пападакис за Канал 5.

Нагласува дека прашањето за името кое постои 25 години, не може да се реши за три месеца.

„Од друга страна, Грција постојано со вакви изјави и лицемерности покажува дека не сака да се реши и целта на Грција е добивање на време за Македонија да остане вон ЕУ и вон НАТО, а второ и најважно, ако стигнеме до еден вид на решение тоа да биде новиот идентитет на македонскиот народ. Тоа на сите треба да ни биде јасно“, истакнува Пападакис.

Во врска со најавената средба на Зоран Заеви Алексис Ципрас која треба да се одржи во Давос, тој вели дека тоа најверојатно ќе биде една козметичка средба која нема суштински работи да реши.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top