сабота, 17 февруари 2018 | Вести денес: 54 ново

Хрватска ја совлада Норвешка и ги задржа шансите за пласман во полуфинале

Хрватска ја оствари и втората победа во главната фаза на Европското ракометно првенство oткако вечерва ја совлада Норвешка со 32-28, со што ги задржа шансите за пласман во полуфиналето на овој турнир.

На полувреме беше 17-15 за Хрватска, а во 36. минута Норвешка дојде најблиску до 20:19, но потоа Хрватите дојдоа и до пет голови предност, со што го најавија исходот на натпреварот.

Покра Иван Стевановиќ на голот, расположени за игра беа и Штрлек со 6 и Циндриќ со 5 голови. Норвешка и вечерва беше предводена од Сагосен со 8 голови, додека Бјорнсен реализираше 6 погодоци.

Табела: Франција 6, Хрватска 6 (+1), Шведска 4, Норвешка 4 (+1), Србија 0, Белорусија 0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top