понеделник, 28 мај 2018 | Вести денес: 0 ново

Падна договор: Алексис во Манчестер Јунајтед, Мхитарјан во Арсенал

По се изгледа во текот на утрешниот ден, или најдоцна во понеделник ќе се комплетира една од најзвучните размени во последните неколку години на Островот. Хенрик Мхитарјан ги прифатил условите на Арсенал и се согласил да се пресели на „Емирати“, а во спротивна насока патува Алексис Санчез, кој ќе стане нов фудбалер на Манчестер јунајтед.

Според англиските медиуми се е договорено, а Санчез е веќе пристигнат во Манчестер каде утре ќе има медицински прегледи.

Арсенал и Манчестер јунајтед ќе направат директна размена, што значи дека ниту еден клуб нема да добие отштета за оваа зделка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top