понеделник, 21 мај 2018 | Вести денес: 84 ново

Го уапсиле во кабината: Во Лондон одложен лет поради пијан пилот

Авион на „Бритиш ервејз“ со два часа задоцнување полетал од аеродромот Гетвик кон Маурициус, бидејќи пилотот сакал пијан да управува со леталото.

Пилотот со полициска асистенција бил отстранет од авионот. Тој со лисици на рацете бил спроведен до аеродромската зграда.

Компанијата „Бритиш ервејз“ се извини поради доцнење на летот, додека полицијата одби да го коментира случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top