сабота, 26 мај 2018 | Вести денес: 56 ново

Неверојатни комбинации: Кој со кого е цимер во македонската репрезентација?

На сите репрезентативни патувања, ракометарите на Македонија се селат од хотел во хотел, па затоа логично е да се утврдат постојани цимерски двојки. Некои од нив ги претпоставувате судејќи по односот на играчите на теренот, но некои сигурно се изненадување за јавноста, пишува порталот Спорт1.

Едно од најстарите цимерства, со традиција, е она меѓу Филип Лазаров и Филип Миркуловски. Тие се познаваат уште од времето кога играа заедно во Металург, уште пред 15 години. Мора да му е многу забавно на Гоце Георгиевски, затоа што негов цимер е Стојанче Стоилов. Нив не би ги споиле, веројатно, судејќи по односите на теренот или, пак, по видливите карактерни особини, но тие со години се нераздвоиви партнери.

Она што беше капитенско-министерска соба сега не постои. Ова е прво првенство на кое Кире Лазаров и Борко Ристовски не се цимери, сепак, собата на капитенот уште има голем репрезентативен стаж бидејќи цимер сега му е Ацо Јоновски.

Има и соба Металург, во која се Филип Кузмановски и Мартин Велковски, но за да се одржи рамнотежа има и соба на бивши вардарци, Немања Прибак со Златко Даскалоски. Двете леви крила не се двојат, Дејан Манасков е со Гоце Ојлески, Жарко Пешевски е цимер со Никола Митревски, а бидејќи се непарен број, 19, сам во соба си царува највисокиот – Филип Талески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top