сабота, 17 февруари 2018 | Вести денес: 55 ново

Венгер за трансферот на Санчез: Не може истовремено да возите на север и да играте фудбал

Арсен Венгер откри колку блиску се Арсенал и Манчестер Јунајтед до реализација на размената на Алексис Санчез и Хенрик Мхитарјан. Двајцата играчи не беа во составите на нивните тимови за денешните дуели, на кои што и „црвените ѓаволи“ и „топчиите“ освоија три бода.

По победата на Арсенал од 4-1 против Кристал Палас, Венгер го искоментира претстојниот трансфер.

– Не го земав во тимот поради неговиот трансфер во Јунајтед. Не може истовремено да возите на север и да играте фудбал. Очекувам да се случи, но уште не можам официјално да потврдам. Сè ќе биде решено во наредните 48 часа. Само половично можам да кажам денеска дека размената Санчез – Мхитарјан најверојатно ќе се случи, изјави Венгер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top