сабота, 18 август 2018 | Вести денес: 90 ново

Драстична промена: Каролина Гочева стана русокоса (фото)

Македонската пејачка Каролина Гочева објави фотографија на социјалните мрежи каде што може да се забележи нејзината промена на имиџот. Таа сега има многу посветла коса и e русокоса.

Обожавателите веднаш под објавата на фотографијата, на која пејачката напиша дека ужива во Лос Анџелес, и упатија со пофалните коментари за нејзиниот изглед.

Каролина со нејзиниот сопруг, сликарот Михаил Корубин, уживаат во медениот месец, а во моментов се во Калифорнија. По враќањето во Македонија, Каролина планира да го промовира својот нов албум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top