среда, 15 август 2018 | Вести денес: 58 ново

Пожар во стан кај Сити Мол – Пожарникарите евакуирале едно лице

Во стан на приземје од зграда на ул. „Пелистерка“ во Карпош, во близина на ТЦ Сити мол, во 14.30 часот избувнал пожар во кој е оштетена една соба, а настанало поголемо зачадување.

– Пожарот е изгаснат и е причинета само материјална штета. Нема повредени, изјавил за МИА Ѕвонко Томевски, командант на Теротиријалната противпожарната единица на Град Скопје.

Интервенирано било со седум возила и 15 пожарникари. Противпожарните екипи навреме стигнале на местото и евакуирале една неподвижна жена во стан од погорните катови.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top