понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 47 ново

Почина уште една родилка при породување!

Родилката, 31 годишната Дебора Џамбази починала во четвртокот при породување со царски рез, дознава НОВА од лекарски извори. Младата жена, познат стоматолог од Кичево на која ова и било прво породување бидејќи се лекувала од стерилитет, отишла да се породи во приватната болница Санте Плус (каде што не била лекувана или следена претходно)и при вовед на целосна во анстезија со царски рез при ставање на тубусот и се зaтвориле дишните патишта при што не можела да дише.

Информацијата за НОВА ја потврдиле во болницата Санте Плус од каде велат дека најверојатно станува збор за силна алергиска реакција од анестазијата. Лекарите кои ја породувале направиле се за да ја спасат, час и половина се обидувале да ја вратат во живот и да ги ослободат дишните патишта. Младата жена добила застој на срцевата работа при што бил употребен и дефибрилатор. По половина час борба за да се спаси животот на жената лекарите го извадиле бебето кое исто така останало без кислород. По обидот за реанимација на тимот од Санте Плус, младата родила со возило била однесена на КАРИЛ. Раководството на болницата за НОВА тврди дека жената не починала во Санте Плус, туку во КАРИЛ.

Но, тимот кој што ја примил родилката во едницата за интензивно лекување и реанимација(КАРИЛ) е дециден е дека жената била донесена мртва. Тие велат дека не знаат што се случувало во приватната болница, ниту по пат од болницата до КАРИЛ од каде има половина час патување заради сообраќајот.

Во попладневните часови телото било однесено на Институтот за судска медицина каде што била извршена обдукација, од каде се чакаат резулатите. Бебето итно било однесено на Клиниката за детски болести и се наоѓа во тешка состојба.

-Бебето е машко, донесено е, но кај нас е донесено во многу тешка состојба, без дишење и срцева акција бидејќи останало без кислород во организмот. Приклучено е на апарати за дишење, во моментот е стабилно, но не знаеме како ќе биде понатаму, за 24 часа ќе се види дали ќе има последици и откажување на други органи – изјавила за НОВА, др. Кети Ставриќ директорка на Клиниката за детски болести.

Младата родилка, била погребана вчера во Кичево. Таа потекнува од познато лекарско семејство, а заедно со нејзиниот сопруг имале стоматолошка ординација во овој град.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top