среда, 15 август 2018 | Вести денес: 55 ново

Ципрас пред средбата со Заев му порача: Македонска нација не постоела никогаш

Македонска нација не постоела никогаш, вели грчкиот премиер Алексис Ципрас за неделното издание на весникот „Етнос“.

Ципрас, во интервјуто што ќе биде објавено утре, како што објавува порталот во најавата, говори детално за прашањето за името, ги отвора картите за спорот меѓу двете земји, опишува какво име би прифатила грчката влада и вели дека особено важно прашање е иредентизмот.


Во однос на неговиот коалициски партнер во владата и неговата дијаметрално различна позиција, Ципрас, според Њуз 247, вели дека „Каменос нема да стане Самарас“, со што индиректно порачува дека лидерот на Независни Грци нема да создаде проблеми во грчката влада.
Информативниот портал Њуз 247, што објавува делови од утрешното интервју на Алексис Ципрас е дел од истата медиумска групација со „Етнос“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top