среда, 21 февруари 2018 | Вести денес: 0 ново

Раул е сигурен дека Шпанија во недела ќе ризикува и ќе игра еден од најдобрите ракометари

Додека ракометарите се релаксираа и загреваа со малку кошарка пред денешниот тренинг во школската сала во Мурско Средишче, шпанскиот стратег Раул Гонзалез ја коваше тактиката за пресметката со своите сонародници од „црвената фурија“ за да ја продолжи серијата добри игри на Европското првенство во Хрватска

– Тоа што сум Шпанец нема да биде некоја предност за нас, сите добро се познаваме, играчите се тие, ги знаеме, сме се среќавале многу пати со екипите во кои играат, Шпанија добро не знае нас, ние ги познаваме нив, нема тајни. За мене е чудно што со репрезентацијата на Македонија ќе играм против Шпанија, моите пријатели се таму, ќе биде интересно. Шпанија играше многу добро досега како и секогаш, очекувам против нас да игра и Агинагалде, мора да ризикуваат, тој е многу важен играч за нив и сигурен сум дека ќе настапи во недела – изјави селекторот Гонзалез.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top