петок, 17 август 2018 | Вести денес: 2 ново

Наинголан се сели во Кина за 50 милиони евра?

Фудбалерот на Рома, Белгиецот Раџа Наинголан е близу до трансфер во кинескиот шампион Гвангџоу Евергранде во трансфер вреден 50 милиони евра, објави весникот „Газета дело Спорт“.

Наинголан првично ќе биде позајмен во тимот што го предводи италијанскиот тренер Фабио Канаваро, со обврска кинеската страна да плати 50 милиони евра на 30 јуни. Белгиецот ќе заработува 12 милиони евра годишно во Кина и ќе биде меѓу најплатените светски фудбалери.

Рома одлучи да преземе таков чекор поради голем број проблеми со Наинголан надвор од теренот, како што е неспортски начин на живот откако на неколку наврати се појавија видео снимки на социјалните мрежи како тој пуши и пие алкохол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top