петок, 17 август 2018 | Вести денес: 2 ново

Хорор во белградскиот затвор: Сплитскиот хулиган заврши на психијатрија, по нападот од озлогласен убиец

Еден од шестмината Хрвати кои беа вмешани во крвавиот инцидент што се случи за време на дербито меѓу Партизан и Црвена Звезда, од стадион, заврши во болница, па во затвор, а сега е на психијатриско лечење. Причина за тоа е хоророт кој го доживеал Хрватот во својата келија.

Тој бил сместен во келија заедно со двократниот убиец Марко Николиќ (43), кој пред крајот на 2017 година се самоуби. Целата ситуација за тоа што се случило во келијата е објаснета во „Слободна Далмација“.

-Два дена пред Нова година, Николиќ го скршил огледалото во тоалетот и со стаклото го нападнал цимерот од келијата. Му нанел тешки повреди. Потоа Николиќ самиот си го пресекол вратот. Следниот ден, Николиќ подлегнал на повредите што сам си ги нанел, додека неговито цимер бил итно опериран и задржан во болница. Целиот овој инцидент во келијата се случил пред очите на Хрватот, кој доживеал шок, пишува хрватскиот весник.

Марко Николиќ кој го направил хоророт во келијата, минатата година го задушил својот четиригодишен син, а потоа мртов го фрлил пред разведената сопруга. Потоа со 50 убиди со нож, ја убил и некогашната сопруга.

 

извор: sportmedia.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top