сабота, 18 август 2018 | Вести денес: 0 ново

Ивор Мицковски до Рената Дескоска: Министерке не ти е таму местото, дефинитивно губите секаков институционален кредибилитет!

Некогашниот висок член на СДСМ, Ивор Мицковски постојано негодува за случувањата во општеството, искажувајќи ги своите ставови на социјалните мрежи. Ја критикува старата владејачка гарнитура, но постојано ги напаѓа и своите, односно оние каде некогаш припаѓаше – СДСМ.

Овојпат на тапет е Министерката за образование Рената дескоска која ги придружуваше црковните великодостојници во Скопје за одбележување на празникот Водици.

-Министерке не ти е таму местото, не расчистивте една епска бламажа и упад на Црква во државата, сега дефинитивно губите секаков институционален кредибилитет, напиша Мицковски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top