понеделник, 28 мај 2018 | Вести денес: 0 ново

Не може првенство во ракомет да помине без фрлање на крстот: Во Загреб го фати Петар Симонов од Скопје (галерија)

Православниот празник Водици со години наназад ги собира ракометните ракометни фанови низ разни градови низ Европа. Не може Европско или Светско првенство во ракомет да помине без фрлање на крстот, без разлика каде отпатувале Македонците. Верскиот празник Водици беше прославен и во Хрватска, во црквата „Св. Злата Мегленска“ во Загреб.

Како пред пет дена за Василица, црквата „Св. Злата Мегленска“ повторно ги собра верниците, а најупорен меѓу нив беше Петар Симонов од Скопје. Си посакаа здравје и се разбира, уште победи за македонската репрезентација на ЕП.

Протереј Кирко Велински, парохискиот свештеник на македонската православна црква во Загреб ги благослови ракометарите, а во знак на благодараност на претседателот на РФМ и прв човек на Алкалоид, Живко Мукаетов му врачи сребрена монета со ликот на Св. Злата Магленска

sport1.mk/g-sport.mk/foto Игор Паневски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top