понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 56 ново

Претепан и ограбен мигрант од Авганистан во Ваксинце

Вчера во 18,30 часот во СВР-Куманово, С.А. (31) од Авганистан пријавил дека на 16 овој месец околу 19,00 часот бил депортиран од страна на полициски службеници од Р.Србија на територијата на Р.Македонија во реонот на с.Лојане.

Потоа пристигнал во с.Ваксинце каде преноќил две ноќи во куќа кај непознато лице за што му платил 40 евра. Вчера околу 12,00 часот си заминал со намера да оди во кампот во Табановце, но во с.Ваксинце бил нападнат со нож од едно лице кој му нанел расекотина на лицето во пределот на левиот образ, а други неколку лица го удирале со тупаници и клоци во предело на телото, по што му одзеле мобилниот телефон и 600 евра, а потоа го напуштиле местото на настанот.

Оштетениот побарал помош во канцеларијата на Црвениот Крст во с.Лојане и со нивно возило бил пренесен транспорниот центарот во Табановце, по што настанот го пријавил во полиција.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top