петок, 17 август 2018 | Вести денес: 2 ново

За забавњаците нема пари, за класичарите Министерството за култура даде 3.280.000 денари

Министерство за култура продолжува да ги откупува или субвенционира композициите од областа на сериозна музика, за разлика од забавните песни, чиј избор беше поништен по налог на министерот Алаѓозовски. Според министерот, одлуката на МРТВ да се финансира домашната музичка продукција е неприфатлива, бидејќи се создавале дополнителни непредвидени.

финансиски импликации и долгови врз буџетот за култура. Клучните аргументи на министерот беа дека овој Закон не придонел за зголемување на квалитетот, ниту пак донел до напредок и развој на музичката продукција и индустрија. Наводно повеќето од композициите воопшто не наишле на прием ниту биле слушани од пошироката јавност, а ниту биле промовирани и емитувани интензивно на македонските радија и телевизии.

Кои се тогаш аргументите за доделувањето на околу 54.000 евра за класичната музика на министерот Алаѓозовски? Како македонската класична музика ќе придонесе за зголемување на квалитетот и напредок на музичката продукција?

Инаку, на Конкурсот за откуп на музички композиции за 2017 година, кој во функција на стимулација на творештвото од областа на класичната музика се објави во април 2017 година, пристигнаа 32 апликации во повеќе категории.

Согласно евалуацијата направена од стручната комисијата формирана од министерот м-р Роберт Алаѓозовски во состав:

Марко Коловски- музиколог, Теута Халими Селмани- професор на ДУТ Тетово и Васо Ристов – професор на ФМУ Скопје, на Конкурсот за откуп во 2017 година, наградени се 19 композиции во вкупен износ од 3.280.000 денари, коишто се распределени во 12 категории.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top