петок, 17 август 2018 | Вести денес: 2 ново

Османи: Не сме изненадени од одлуката на Иванов да не го потпише законот за јазици

Непотпишувањето на Законот за употреба на јазиците од страна на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов не е изненадување за вицепремеирот за европски пршања Бујар Османи иако, како што вели, е разочаран од постапката.

– Разочарани сме иако не дека не беше очекувано, но сепак мислевме дека ќе го искористи моментумот да прати порака – рече Османи во одговор на новинарско прашање по средбата со косовската министерка за евроинтеграции Дурата Хоџа во просториите на СЕП.

Тој посочи дека претседателот треба да биде кохезивен центар на општеството кој треба да ги спои етничките заедници и различните општествени групи.

– Таа улога не ја одигра во последните осум до девет години. Имаше можност овие денови во неговата последна година да испрати порака на кохезија и сплотување, како и за отворање на перспективата на државата, но очигледно е дека не може да излезе од неговата матрица на функционирање. Сепак, и покрај тоа што не разочара, не не загрижува, бидејќи повторно ќе го изгласаме законот во Собранието во наредните денови – изјави Османи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top