вторник, 16 октомври 2018 | Вести денес: 99 ново

Аптекар завршил на Ургентен: Муштерија го претепал и го скршил излогот бидејќи не сакал да му даде дијазепам без рецепт

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.С. (30) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка телесна повреда.

Според полицијата, С.С. на 28 декемви 2017 година околу 11 часот во Куманово во аптека на улица „Веселин Маслеша“ физички го нападнал вработениот Д.Ѓ. (43) затоа што не му дал ампули дијазепам без рецепт. Откако вработениот не му ги дал ампулите, С.С. излегол надвор и со камен го скршил прозорецот од аптеката, а потоа физички го нападнал вработениот, при што му нанел тешки телесни повреди.

После тоа, Д.Ѓ. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Куманово, а потоа поради сериозноста на повредите бил пренесен во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top