понеделник, 21 мај 2018 | Вести денес: 84 ново

Вујо слави роденден: Македонци, ви посакувам медал на ЕП

Селекторот на словенечката репрезентација денеска го прославува својот 57 роденден. Честитки доби од Столе Стоилов и Филип Лазаров...

Селекторот на словенечката репрезентација Веселин Вујовиќ си посака три победи како роденденска желба. Стратегот на Словенија, кој денеска полни 57 години, доби честитки и од македонските ракометари. На поранешниот тренер му честитаа Столе Стоилов, Кире Лазаров, а тој пак им посака медал на ЕП.

Вујо мајсторе потенцирае дека Македонија има одличен стратег во името на Раул Гонзалез и дека дефинитивно е најголемо и најпријатното изненадување на Европското првенство.

-Сметам на тоа дека ќе победиме на сите три средби. Што се однесува до Македонија очекувам да победите на најмалку два натпревари. Посакувам да се пласирате во полуфиналето и дај боже да освоите медал. Сега ќе биде поинаку. Македонија досега ја гледаа како аутсајдер, очекуваа дека ќе се измори, ќе погреши, но не е така. Сега ќе ја гледаат посериозно. Но, имате добар тим, имате одличен селектор. И јас лично бев изненаден како добро ја постави играта со Германија, како го забави нивниот напад. Навистина ви посакувам медал на ЕП, изјави Вујовиќ.

извор: g-sport.mk/ sportmedia.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top