сабота, 26 мај 2018 | Вести денес: 94 ново

Доцна синоќа ликвидиран шефот на грчката мафија – Го изрешетале со 22 куршуми од калашников (фото – видео)

 

Убиство на познато лице од грчкото подземје ја стави на голема мака полицијата на јужниот сосед, пишуваат локалните медиуми. Доцна синоќа на булевар Атинон во населбата Хајдари во Атина, каде што се наоѓаат канцелариите на компанијата на убиениот, двајца мажи со мотор го пресретнале автомобилот во кој се наоѓал Василис Стефанакос. Во него пукале од калашников, а потоа убијците избегале. Тој е изрешетан со 22 куршуми.

Василис Стефанакос излезе од затвор пред околу 18 месеци, каде одлежал 9 години. Тој ги искористил поволните одредби на законот „Параскевопуло“ за да излезе пред време. Областа по убиство била блокирана, а полициски патроли го истражувале теренот.

Василис Стефанакос не е ново име во грчкото подземје, особено во последните две децении кога се појавија нови лидери од претходните мафијашки војни. Голем број полицајци го сметаат за шеф на третата генерација на грчката мафија.

Тој во декември 2006 година е осуден на 14,5 години затвор за заштита и шверц.

Во 2016 година осудениот за тешки злосторства Василис Стефанакос го претепал во затвор поранешниот грчки министер 77-годишниот Цохазопулос, кој отслужува затворска казна за затајување данок и поткуп при воени испораки. Законот „Параскевопуло“ беше објавен во Службен весник на 27 април 2015 година и до 14 декември 2015 година – според официјалните податоци на владата на Ципрас ослободени се од затвор околу 1 800 лица.

Затворениците беа ослободени врз основа на еден од трите закони кои делуваат во комбинација, и се однесуваат на луѓе со ниски казни (од 3 до 5 години), со висок процент инвалидност, одлежана 3/5 од казната, малолетници или странски државјани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top