сабота, 17 февруари 2018 | Вести денес: 56 ново

Во Вал Гардена нема црвени линии за трошење: 6.000 евра на ден за скијачкиот луксуз на Заев (фото)

Додека граѓаните се гушат во токсичен воздух за кој власта нема решение, а пратениците гласаат за двојазична држава, амнестија на 600 криминалци и ратификување на договор со Бугарија со кој се негира Македонската историја, јазик и култура – Зоран Заев ужива во снегот и чистот воздух во еден од најскапите и најмонденски ски центри во светот Вал Гардена во Италија.

Вал Гардена е најдобриот, најмонденскиот и најскапиот ски центар во Италија. Најдобриот комплекс во кој е сместен и Заев има 1.200 километри ски патеки од 18 различни типови, кои ги користи за уживање и светскиот џет сет.

Како што може да се забележи од фотографијата која на социјалните мрежи ја објави ќерката на Заев, семејството на претседателот на СДС ги користи услугите на „Доломити Супер Ски“.

Податоците кои може да се најдат на интернет, покажуваат дека просечна цена на хотелска соба за ден се движи од 250 евра па нагоре, додека ски-карта чини околу 300 евра. Или што би се рекло само ски-билет чини 6000 евра за четири лица, не вклучувајќи го обезбедувањето, кое нормално се плаќа од џебот на народот.

Цените за сместувањето се само за преспивање, без превоз и само со доручек. Секако, Заев користи полн пансион, и превоз за околу 30 лица имајќи во предвид дека со него доаѓа и обезбедувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top