сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 50 ново

ВМРО-ДПМНЕ в четврток се враќа во Собранието за да присуствува на обраќањето на Столтенберг

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе се вратат во четврток во собраниските клупи за да го слушнат обраќањето на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, потврдуваат од партијата.

Од ВМРО – ДПМНЕ велат дека остануваат со политиката ориентитени кон ЕУ и НАТО. И потврдуваат дека пратениците од најголемата опозициска партија во државата ќе присуствуваат на обраќањето на генералниот секретар на НАТО. Сеуште нема информација дали ВМРО – ДПМНЕ понатаму ќе се врати во Законодавниот дом.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top