петок, 17 август 2018 | Вести денес: 2 ново

Каква приказна се крие зад хитот „Зомби“ на „Кренберис“?

Смртта на 46. годишната Долорес О’Риордан од групата „Кренберис“ вчера го потресе светот. Сите во шок ја примија веста за пејачката на „Кренберис“, која многумина ја знаат по светскиот хит „Зомби“. Иако „Кренберис“ веќе беа во подем благодарение на баладите „Дримс“ и „Лингер“, „Зомби“ им донесе светски успех. Во песната се пее за насилството што се случувало во Северна Ирска.

На 20 март 1993 година ирските републиканци поставиле бомба во канта за ѓубре во Ворингтон. Бомбата експлодирала и убила две деца на 12 и 3 годишна возраст, а повредила многу луѓе. Од нападот беше згрозена целата Велика Британија, Ирска и пејачката Долорес.

Во едно интервју таа објаснува како совршено се сеќава на трагедиите што се случувале во тоа време. – Се сеќавам дека бев на турнеја и дека бев во Велика Британија во периодот кога починаа децата, така што сето тоа прилично ме погоди. Бомбите беа поставувани на секакви места. Жртва можеше да биде било кој – изјавила Долорес.

„Зомби“ ја напишала сама, на паузите за време на турнејата. Песната оригинално е напишана за акустична гитара, но направена е и за електрична гитара со што стана чиста рок песна. Неофицијално, Долорес рекла дека ова е најагресивната песна што некогаш ја напишала.

И самиот спот за песната е доста интересен – пејачката се појавува целосно покриена со златна боја. Режисерот на овој спот, Семјуел Бајер, кој работел и со „Нирвана“, во спотот вметнал снимки од војници и деца на улицата на Северна Ирска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top