сабота, 18 август 2018 | Вести денес: 0 ново

Лани драстично намален бројот на баратели на азил во Германија

Бројот на нови лица кои бараат азил во Германија значително е намален во 2017 година, односно според новите податоци на германската Влада, вкупно се регистрирани 186.644 такви случаи.

Во 2016 година беа регистрирани околу 280.000 азиланти, а во 2015 години дури 890.000 лица кои побарале азил во Германија, што претставува голема разлика споредено со 2017 година.

Меѓу новите мигранти во 2017 година, најбројни се Сиријците (47.437), а по нив се ирачките мигранти (21.043) кои побарале азил во Германија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top