сабота, 18 август 2018 | Вести денес: 90 ново

Вртоглаво расте – конечно е откриено колкаво е богатството на Кејт Мидлтон

Војвотката од Кембриџ во јавноста оддава впечаток на скромна и приземна жена, но милионите на нејзината сметка никако не одговараат на тој опис. Таа на кралското семејство му се придружи 2011 година, а нејзиното лично богатство од тој момент, не само што не е допрено, туку непрестано расте и се зголемува со брзина на светлоста.

Не тајна дека Кејт Мидлтон и пред мажењето за принцот Вилијам била прилично богата дама, со оглед на тоа дека потекнува од семејство чиј имот е проценет на 36,2 милиони фунти, но стапувањето во кралското семејство, дополнително го зголемува нејзиниот буџет.

Економистите истакнуваат дека богатството на Кејт Мидлтон вртоглаво расте благодарение на стратегијата на штедење кое таа ја спроведува, но ако сте мислеле дека во пракса таа се откажува од нешто, сте се измамиле. Имено, сите нејзини трошоци, дури и најбаналните се покриваат од имотот на принцот Чарлс, што значи дека таа не треба ниту да ги допре своите пари.

Кога Чарлс ќе ја превземе улогата на крал, се проценува дека богатството на Кејт и Вилијам ќе се зголеми, што довело до пораст на нето вредноста на нејзиниот имот на околу 7,3 милиони фунти. Овој факт го намалува богатството на другите припадници на кралското семејство, што автоматски ја намалува имотната состојба и на Меган Маркл, идната сопруга на Хари.

Кога на сумата од 7 милиони фунти ќе се додаде и богатството на нејзниот сопруг, како и продажбата на облека за која таа придонесува и приходот од влијанието врз туризмот, всушност парите со кои располага Кејт се многу повеќе.

Нето имотот на принцот Вилијам проценет е на 29,6 милиони фунти, не сметајќи го приходот од 6,5 милиони фунти годишно кои ги оставила принцезата Дајана.

И децата на Вилијам и Кејт се многу богати, иако практично само што проодеа. Малиот принц Џорџ вреди 2,4 милијарди фунти на британската економија, а неговата помлада сестра Шарлот, 3,2 милијарди фунти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top