среда, 15 август 2018 | Вести денес: 58 ново

Грчка карта од 1974: Нашата држава и за нив била Македонија

Кристофер Пурдеф, православен ѓакон од американската сојузна држава Охајо, постира на „Твитер“ карта на поранешна Југославија од средината на 1970-тите, на која пишува Македонија за тогашната најјужна република.

„Очигледно, во 1974. Грција немала проблем со Македонија“, прокоментира тој во придружниот текст на мапата.

Малку подоцна Пурдеф со нов аргумент за грчкиот однос кон идентитетот на соседот од север пред четири децении – извадок од книга во кој на грчки се наведени јазиците во тогашна СФРЈ, меѓу кои и македонскиот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top