вторник, 16 октомври 2018 | Вести денес: 95 ново

Ракометарите од петок се во Вараждин, еве кога ќе игра Македонија

По првите два победи Македонија обезбеди пласман во четвртфиналната група на Европското првенство (ЕП). За два дена ќе знаеме од која позиција ќе се квалификуваме, но „Фалангата“ ќе остане и ќе се зголеми најмалку уште една недела во Хрватска.

На 19, 21 и 23 или 24 јануари Македонија ќе ги игра натпреварите од втората група во среќниот Вараждин. Пред девет години токму во Вараждин ја започнавме серијата на победи со кои стигнавме до најдобриот пласман на Мундијалите.

Македонија вкрстува со групата Д. Во таа група се Шпанија, Данска, Чешка и Унгарија.

Само Шпанците имаат две, максимални победи по две одиграни кола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top