среда, 21 февруари 2018 | Вести денес: 0 ново

Ниту вашите дрва и камења нема да ни ја вратат Македонија

Од ден во ден расте незадоволството насочено кон власта на СДСМ. Секојдневно граѓаните креваат глас против антидржавните политики.

Довчерашните најголеми подржувачи на СДСМ денес со дрва и камења против владејачката партија. Луѓе кои до пред неколку месеци беа високо позиционирани во СДСМ, секојдневно ги критикуваат поилитиките на партијата.

Се чини, чашата ја прели Законот за двојазичност, против кој реагираше и поранешната потпретседателка на СДСМ, Ана Павловска – Данева.

Ана Павловска-Данева: Законот за јазиците не може да се носи без опозицијата

Уште пожестоко против СДСМ и законот кој го носат удри универзитетската професорка Каролина Ристова – Астеруд, која до пред некое време го водеше клубот на жени на СДСМ.

Според неа, законот кој го носи нејзината партија носи тиранија врз мнозинството Македонци од малцинството Албанци.

Ристова-Астеруд: Законот за употреба на јазиците 2018 – рамковна и уставна тиранија на малцинството

Против законот жестоко се крена и советникот на СДСМ од Бутел, Мартин Јованоски, кој јавно побара од претседателот Иванов да стави вето на овој закон.

Со критики кон нејзината матична партија секојдневно излегува и поранешната советничка од СДСМ и претседателка на скопскиот огранот на партијата, Софија Куновска. Според неа, денешната СДСМ нема никаква врска со она што значело Социјал Демократски Сојуз на Македонија.

Последен во низата е поранешниот кандидат за пратеник од дијаспората на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Ивановски, кој на социјалните мрежи секојдневно го искажува своето незадоволството од владеачката СДСМ на чија пратеничка листа се наоѓаше пред само една година. Критиките кон политиките на СДСМ пристигнуваат од сите страни за сите сфери дури и од најистакнатите подржувачи, активисти и функционери на СДСМ.

Тој во еден свој фејсбук статус кон Зоран Заев се обраќа со Јуда и вели ,, Јуда од Муртино брзо ќе побара епидурал.’’. Во постот ја споделува и изјавата на Мирјана Најчевска каде таа вели „Морам да признаам јас лично бев против донесување на еден ваков закон‘’.

На фејсбук Ивановски ја споменува и Тиранската платформа и саркастично вели ,, Инаку немаше Тиранска платформа’’, за во истиот пост да сподели линк од Еди Рама каде тој вели „ние сме заслужни за официјализирање на албанскиот јазик во Македонија“.

 

Поранешниот кандидат за пратеник на СДСМ не е прв пат Заев да го споредува со Јуда, во пост каде ја споделува изјавата на професорот Тони Денкоски за проблемот со името инаку сопруг на Рената Дескоса сегашна министерка за образование, тој вели ,, Ова е веќе првиот круг околу Јуда од Муртино кој негодува за распродажбата на Македонија. Нема добро да заврши за некои ова предавство’’.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top