сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 50 ново

Пратениците на СДСМ одлучија дека нашите дедовци биле Бугари

Без присуство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, владејачкото мнозинство го ратификуваше контроверзниот договор за добрососедство со Бугарија, со кој Република Македонија се откажува од својата историја до 1945 и македонското малцинство во Република Бугарија, а спротивната страна има право на бугарско малцинство во Република Македонија.

Во исто време, Македонија во договорот се откажува и од државните празници за историските настани кои се случиле пред 1945 а од сега ќе бидат дел од „заедничката историја на Македонија и Бугарија“. Ратификуваниот договор предвидува и дека комисија од Република Бугарија, најверојатно предводена од шовинистот Божидар Димитров, ќе ја прекројува македонската историја и учебниците.

Според толкувањето на договорот на премиерот Зоран Заев, тој ќе значи и бришење на терминот „Бугарски фашистички окупатор“, кој до сега се употребуваше во македонските учебници за Втората светска војна.

Договорот негира и постоење на македонски јазик, според него, нашиот јазик не е македонски туку е „службен јазик предвиден со уставот на Република Македонија“.

За договорот гласаа  66 пратеници, од кои 61 пратеник гласаше „за“, а еден беше воздржан. Сите пратеници од СДСМ и Албанските политички партии, освен пратеникот Ферид Мухиќ кој истакна дека не може да гласа за ваков договор, во кој македонската страна попушта за се, а бугарската за ништо. Симптоматично е тоа што сите пратеници на СДСМ кои се изјаснуваат како македонци гласаат „За“ договорот, а единствено воздржан е Мухиќ кој е дел од бошњачката етничка заедница во Република Македонија.

-Вообичаено е договорите за пријателство, добрососедство и соработкја да бидат правени врз принципите на реципроцитет и да бидат симетрични. Овој договор не спаѓа во таа стандардна форма, не е граден врз принципите на реципроцитетот и не е симетричен. Во неколу клучни точки отстапува од тоа. Ова треба да се спомене, значајно е да се нагласи дека македонската страна, односно оваа Влада, прават напори кои излеуваат од стандардот, кои не се вообичаени и со тоа ја нагласуваат својата способност да одат подалеку. Тоа е нешто што е многу значајно. Она што се добива со овој договор има и свој цена. Цената е во гестот на македонската власта, кој е крупен и поради тоа јас ќе гласам воздржано – рече Ферид Мухиќ.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров изјави дека му е жал оти ВМРО-ДПМНЕ не го приатиле договорот со Бугарија, според него би било добро и тие да прифателе дека македонска историја до 1945 не постои.

-Ќе беше убаво да беа тука и да го поддржеа овој договор. Се надевам ќе најдат сили во иднина за следни важни чекори за иднината на Република Македонија, да бидат кооперативни и да бидат тука. Особено затоа што потребата од ваков договор произлезе од политика што ги влоши одности до дереџе другата страна да инсистира да се потпише овој договор – рече Димитров.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top