сабота, 18 август 2018 | Вести денес: 0 ново

Лавров: Русија ќе го прифати името што ќе го договорат Атина и Скопје

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров денеска изјави дека „какво било име што ќе го договорат Атина и Скопје, а што официјално ќе биде внесено во Уставот на Македонија, ќе биде прифатено од руска страна“.

На годишната конференција за новинари, рускиот министер за надворешни работи истакна дека спорот за името меѓу Македонија и Грција долго време бил во „полузаспана ситуација“ и оти сега заживеал дури откако САД одлучиле Македонија да влезе во НАТО.
Лавров потсети дека Грција е веќе членка на НАТО и оти не ѝ е неопходно да прави отстапки, туку дека тоа треба да го стори Македонија, која се надева дека ќе влезе во Алијансата, пренесуваат руските новински агенции РИА Новости и ТАСС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top