петок, 20 јули 2018 | Вести денес: 5 ново

Полн авион излета од писта при слетување во Турција (видео)

Aвион со 162 патници се лизна од пистата по лсетувањето на аеродромот во турскиот град Трабзон и застана на падината со кал на само неколку метри над морето.

Снимката на која се гледа како службите се обидуваат да го зивлечат авионот назад на пистата е објавена на социјалните мрежи.

Станува збор за патнички авион Боинг 737-800 на авиокомпанијата “Pegaz”, a инцидентот се случил во саботата. Медиумите јавија дека веднаш вп авионот настанала паника, но сите патници и членови на екипажот биле успешно евакуирани и никој не е повреден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top